Ја криеја бременоста: Ед Ширан стана татко по втор пат - го откри полот на бебето

Британскиот кантавтор Ед Ширан стана татко по втор пат.

Откако во тајност се породила неговата сопруга, Ширан решил веднаш да го открие полот на бебето, па на Инстаграм напиша дека се работи за девојче.

Тој објави фотографија од детски чорапи и додаде:

„Сакам да ве информирам сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и сме пресреќни што сега сме четиричлено семејство“, напиша музичарот под фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)


Ед и неговата сопруга Чери ја добија својата прва ќерка во 2020 година. Тие се заедно од 2015 година, а се венчаа четири години подоцна.

Нивното прво девојче го носи името Лира Антарктик Сиборн Ширан, додека Ед се уште не открил како се вика новородената ќерка.