Ја отпеа „Свадба најубава“, па клекна на колена: Македонскиот пејач ја запроси девојката

Сашо Костадиновски, вокалистот на вокалното трио „Кладенец“ настапот на „Лешочкиот фолк фестивал“ ќе го памети цел живот. по интерпретацијата на нумерата „Свадба најубава“ ја повика на сцена саканата Даниела, клекна на колена и ја запроси. 

Присутните беа воодушевени од неговиот гест. Следуваше огномет и честитки од колегите и од најблиските. Атмосферата можете да ја погледнете во продолжение.