Ја понижи и навреди како никој досега: Бен Афлек направи нешто што Џенифер Гарнер тешко дека некогаш ќе му го прости

Добивај вести на Viber

Фото:  BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Познатиот актер Бен Афлек ги откри деталите од бракот со актерката Џенифер Гарнер

Холивудскиот заводник и еден од најпознатите американски актери Бен Афлек неодамна беше гостин во емисијата на Хауард Стерн каде искрено зборуваше за борбата со алкохолизмот.

Тој откри дека овој порок бил посилен од него, но и дека се обидел да остане во брак со поранешната сопруга Џенифер Гарнер заради децата.

Парот се венчаше во 2005 година, а се разведоа во 2018. Од тој брак имаа три деца: Виолет (16), Серафина (12) и Семјуел (9).

- Веројатно сè  уште би пиел... Затоа почнав да пијам... Се чувствував заробен - ја започнал својата исповед актерот, а потоа додал:

– Размислував „Не можам да заминам поради децата, но не сум среќен, што да правам“, овие мисли често ми поминуваа низ глава – рекол Афлек.

Во најтешките моменти актерот земал шише виски, го пиел и ќе заспиел на каучот... Сепак, како што вели, сфатил дека тоа не е решението.

Афлек неколку пати одел на рехабилитација поради алкохол. Тоа се случи за прв пат во 2001 година, потоа во 2017 година, па во 2018 година.

- Имавме брак кој не ни успеа, се случува, со некој што го сакаме и почитуваме. Тоа се моменти кога веќе не треба да бидеме во брак, беше искрен.

Кога сфатил дека нема враќање, решил да ѝ каже на сопругата, по што се разделиле.

- На крајот на краиштата, се обидовме. Се трудевме, се трудевме заради децата. „И двајцата чувствувавме дека не сакаме ова да биде модел на семејство што ќе го наследат нашите деца“, додаде Бен.

Во едно неодамнешно интервју за познат магазин, Афлек директно ја обвини својата поранешна сопруга за неговата зависност од алкохолизам.

- Алкохолизмот произлегува од страдањето. Само се надеваш дека можеш да се спасиш пред таа да ти го уништи животот – рекол тој.

Иако Бен и Џенифер повеќе не се заедно, се чини дека остануваат во добри односи. Тие двајца неодамна поминаа одлична вечер заедно со своите деца, што само говори во прилог на тоа дека се подготвени на сè  заради доброто на семејството.

Извор: glossy.espreso.co.rs