Ја викаа „жена со коњски заби“, а потоа отиде на стоматолог: Никој не може да поверува дека на фотографиите е иста личност

Џема Свифт имаше лоша несреќа поради која забите и израснаа на различно место, а потоа отиде на стоматолог и доби сосема нова насмевка

Првото нешто што луѓето го забележуваат кога се среќаваат со соговорник се очите и насмевката. Затоа, повеќето луѓе се трудат да ја направат нивната насмевка што е можно поубава. Така неодамна приказната за новинарката Керол Раџивил, која платила неверојатни 13 милиони долари за да си ги „среди“ забите од познатиот стоматолог Мајкл Ејп, го обиколи светот.

Но, не секој е толку среќен да има толку многу пари за светла насмевка. Една од нив е Џема Свифт која доживеала страшна несреќа на 6-годишна возраст. Имено, како девојче Џема си ја удрила главата во бандера, поради што неприродно и пораснале забите.

Зборувајќи за несреќата, оваа жена се појавила на телевизија, а после тоа луѓето станале безмилосни. Цела Велика Британија ја нарекуваше „жената со коњски заби“.

Таа со години по тоа гостување добиваше страшни навреди на интернет, а потоа целосно и се промени животот. 

Имено, Џема со помош на стоматолог доби целосно нови заби кои чинат 11.240 евра! Но, сите тие пари беа добро вложени, бидејќи Џема доби убава насмевка.


По три години до првото појавување во шоуто, Џема повторно отиде во шоуто на Џереми Кајл за да ги покаже новите заби.


Луѓето ја гледаа со неверување.



Фото: Фејсбук/ Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир