Ја запозна љубовта на својот живот на 16 години, а ја изгуби додека беше бремена со трето дете: Тажната судбина на преубавата актерка (ФОТО)

Наташа Мекелон е родена на 14 декември 1969 година и е англиска актерка. Дипломирала на Универзитетот во Лондон со диплома за драмски уметности.

Најпозната е по улогите во филмот „Ронин“, „Труман шоу“ и „Соларис“. Во телевизиската серија Калифорнија, каде актерката е со Дејвид Духовни, доживеа светска слава. Серијата се снимаше од 2007-2014 година а нејзиниот лик Карен беше олицетворение на стилот.

Родена е во Сурија. Нејзината мајка и татко биле новинари, има брат кој по професија е сценарист и живее во Лос Анџелес. Нејзините родители се развеле кога таа имала само две години, па таа подоцна имала двајца полубраќа од страната на нејзиниот татко.

Како дете, Мекелон се бавела со танц, посетувала уметнички училишта и дипломирала на колеџ во 1993 година. Кариерата ја започнала во театар, каде глумела во драмите на Шекспир, а првото појавување на телевизија и било на Би-Би-Си, во помалку забележана серија.



Пробивот дојде по нејзината улога во филмот „Надминување на Пикасо“, кој го сними во 1996 година, а нејзиниот партнер беше никој друг туку големиот Ентони Хопкинс. Таа играше една од неговите многубројни љубови.

Наташа Мекелон на 19 мај 1998 година се омажи за пластичниот хирург Мартин Хиригојен, со кој се забавуваше од нејзината 16-та година. Двојката живееше во Лондон со своите синови - Теодор, роден во 2000 година и Отис, роден во 2003 година. Нивниот трет син, Рекс, се роди пет месеци по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг.

На 20 мај 2008 година, Кели (43) беше пронајдена во близина на вратата од семејната куќа. Го пронашол пријател, исто така лекар, кој го однел во болница. Го реанимирале но безуспешно. Починал од срцев удар.

Наташа била сама кога и кажеле „дека направиле се што е во нивна моќ“.

„Таа го направи она што обично го гледаме во филмовите. Го испуштив телефонот и паднав на колена“.

Шест месеци подоцна, таа го родила нивното трето дете, синот Рекс, кој никогаш не го запознал својот татко. Неговото раѓање му даде на семејството нова надеж и фокус, што дополнително им помогна да се справат со страшната загуба.

Таа се врати на работа по само шест недели, знаејќи дека сега таа сама го носи лебот на трпезата.

По загубата на саканиот сопруг, Наташа почнала да му пишува писма, понекогаш дури и секој ден, известувајќи го за нивното семејство и тривијални секојдневни работи. Тоа им го пренела на синовите, кои со текот на времето полесно ја поднесувале загубата на својот сакан татко. Подоцна ги префрлила тие писма во нејзината книга „По тебе: Писма за љубов и загуба, до маж и татко“. Книгата е објавена во јули 2010 година.

Денеска Теодор има 20 години, Отис 17, а Рекс 12, а според нивната мајка сите се брилијантни на својот татко. Таа продолжила со својот живот, но Кели засекогаш ќе остане голем дел од неа и нивниот живот.

Наспроти семејниот дом има гробишта каде што е погребан Кели. Од нејзиниот прозорец Наташа Мекелон го гледа неговиот гроб, кој ја утешува и смирува.



FOTO: INSTAGRAM