Јас сум здрав и сакам дома: Петгодишниот Сухејб по 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави видео кое ќе ви ги наполни очите со солзи радосници.

„Јас сум здрав и сакам дома! Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести. За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим“


*видеото е одобрено за објава од родител