Јована Јоксимовиќ: Имав тешки компликации во бременоста,плачев по цел ден

Добивај вести на Viber

Јована Јоксимовиќ при една прилика поради компликации итно морала да го напушти работното место, а дури сега признава дека ова воедно и бил и најтежок ден на работа.

-Се случи на самиот старт на бременоста со Ана и Срна. Имав сериозни и тешки компликации. Поради тоа едно утро морав да го напуштам студиото и право од таму да одам кај лекар.

Беше многу страшно, плачев цел пат, цел ден, и во наредните неколку недели лежев и мирував-раскажува Јована која е познато ТВ лице во соседна Србија и сопруга на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ.