Како ќе снимаш трудна? - Еве вака: Сара Мејс го истакна трудничкото стомаче во свилена креација

Сара Мејс е во петиот месец од бременоста и како што пред некое време раскажа за Женски магазин, пресреќна што семејството ќе им се зголеми.

Таа и Димитар Атанасовски го очекуваат второто дете, момче, чиј пол го открија на интересен начин, а првата нивна радоста, Илина, е пресреќна.

Сара Мејс е бремена со второ дете - Илина ми рече: Ако имаш бебе, отвори внатре да видам какво е

Сега за првпат, Сара објави фотографија на која го покажа трудничкото стомаче во прекрасна свилена креација.


По првиот наш состанок, гледав во ѕид и уживав во пеперутките во стомакот: Љубовната приказна на Сара и Димитар Атанасовски