Како познатите македонски личности го прославија Денот на вљубените/Свети Трифун: Многу рози, црвени костими, прегратки и бакнежи
Во голем број земји во светот на 14-ти февруари се празнува свети Трифун или свети Валентин, но во последно време на овој ден најчесто се прославуваат двата празника истовремено.
Свети Трифун претставува православен празник посветен на виното и лозјето, додека свети Валентин е католички празник, ден на кој се празнуваат љубовта и пријателството ширум светот, иако веќе години наназад се празнува низ цел свет, прифатен како Ден на вљубените.
Со чаша вино, добра храна и во присуство на саканите, вчерашниот ден го одбележаа и нашите познати македонски личности, а некои од нив споделија за тоа и на Инстаграм.
Водителката Елена Стефановска, овој ден го помина со нејзиниот вереник Бојан, стилизирана во бојата на љубовта.
Пејачката Аделина Тахири исто така блескаше во силно црвен, латекс костим, уживаше на вечера со сопругот, си доби многу рози, а се фотографираше и покрај синчето Јон.
Борко Ристовски и сопругата Нина, семејно уживаа со синчето Душан.
Партнерката на Игор Џамбазов, Илина Арсова објави фотка со сестрата на Игор, Татјана честитајќи го Свети Трифун, или кој што слави - напиша таа.
Игор Џамбазов пак, вчера во текот на денот беше во друштво на пријателката и пејачка Тамара Тодевска и нејзините деца Дарен и Хана.
Миа Костова и Тијана исто така споделија фотка за Валентин.
Водителката Живкица Каленикова која е среќно мажена за бизнисменот Зоран Калеников, а плод на нивната љубов се трите деца Даријан, Марко и Ана, од најстариот син, Даријан си доби честитка во која тој објаснува за љубовта кон семејството.
Каролина Гочева пак, синоќа разгалуваше со нејзините хитови на настап во Скопје.