Како се запознале Ели и Пеце?

Добивај вести на Viber

Петар Младеновски, фронтменот на македонскиот ска-панк состав „Суперхикс“ и актерката и пејачка Елизабета Клинчаревска се запознале во скопското радио „Лајф“. Тоа било љубов на прв поглед. Од деновите на нивното забавување најмногу спомени имаат од клубот „Вега“ каде познатиот музичар беше еден од менаџерите. Во едно интервју познатата двојка откри дека ги имаат многу заеднички интереси – музиката на Боб Марли, филмовите, литературата.. Обожаваат научна фантастика и се големи фанови на реге-филозофијата.