Актуелно // Insta вести
Како завиткана во најскап подарок: Јелена Јованова во неодоливо раскошно, бајковито и секси - пастелно издание
Јелена од Драчево во новата сезона од ситком серијата „Преспав“ ја доживеа ренесансата. Таман кога Јелена се заљуби и требаше конечно да се омажи, повторно остана верна на репликата „Јелено пак ќе си останеш немажена“.
Актерката Јованова облечена во интересн фустан со пастелни бои на карнери од тул и огромна розова машна, се заблагодари на екипата со која работела во изминатите 7 години на проектот „Преспав“.
„Ви благодарам на сите за поддршката 7 години по ред! За секоја позитивна мисла, за секоја критика, секоја порака (простете ако на некого не сум стигнала да вратам). Честитки за Охо продукција на уште една успешна сезона. И да врне и да вее тоа за Охо ништо не е“, напиша Јелена.
Фото: Инстаграм