Калуѓерката која го освои италијанскиот „Voice“ сега е келнерка, има пирсинг: „Верувам дека треба храбро да се слуша срцето“

Облечена во елегантен црвен костум и штикли, со пирс на нос и пуштена долга темна коса, таа се појави во емисијата Verissimo (вистинито)

Кристина Скуча (34), калуѓерка со неверојатен глас стана вистинска сензација кога ја освои италијанската верзија на „Гласот“ во 2014 година, а сега ја шокираше јавноста кога откри дека ја отфрлила мантијата и сега е келнерка во Шпанија.

Сестрата Кристина, по потекло од Сицилија, го шокираше жирито на аудицијата на шоуто со изведбата на „No One“ на Алиша Кис. Откако жирито сфати дека неверојатниот глас и припаѓа на калуѓерка, членката на жирито дивата Рафаела Кара, која почина минатата година, рече дека „во следните неколку минути останала без зборови“.


Скуча, која во тоа време беше меѓу калуѓерките во манастирот на сестрите Урсулин во Милано, стигна до финалето и победи со нејзината изведба на песната „What a Feeling“ од филмот „Flashdance“.

Подоцна Кристина издаде албум и му даде една копија на папата Франциско. На албумот се најде и нејзината верзија на „Like a Virgin“ на Мадона. Нејзината музичка дарба беше пофалена од сите, од обични луѓе до италијански кардинали.


Поминаа осум години од нејзиниот триумф во шоуто, а сега повторно ја шокираше италијанската јавност, но овој пат со веста дека го напушта манастирот.

Облечена во елегантен црвен костум и штикли, со пирс на нос и пуштена долга темна коса, таа се појави во емисијата Verissimo (вистинито).

- Верувам дека треба храбро да се слуша срцето. Промената е знак на еволуција, но секогаш е страшна затоа што е полесно да се закотвиш во својата безбедност отколку да се преиспитуваш. Постои ли правилно или погрешно? – рече таа и додаде дека во одлуката да го напушти редот и помогнале експерти и психолози.

View this post on Instagram

A post shared by canale5.mediaset.fp (@canale5.mediaset.fp)


Но, тоа што таа повеќе не е калуѓерка не значи дека се откажала од својата вера и се‘ уште се надева на кариера во музиката.

- Избрав да го следам срцето без да размислувам што ќе кажат луѓето за мене. Се решив на тој чекор иако се плашев дека може да завршам под мостот, тоа секогаш му го повторував на мојот психолог - признала Кристина.

Скуча рече дека сега живее „со насмевка“ во Шпанија, каде работи како келнерка.

View this post on Instagram

A post shared by Edoardo Le Grazie (@edoardo_rewind)


Инаку, во текот на целиот нејзин настап во „The Voice“, група калуѓерки, жестоки навивачки, ја бодреа Кристина. Иако старешината на манастирот ја поддржувал, тогаш 22-годишната девојка се соочила со жестоки критики од поконзервативните делови на црквата. Таа особено им пречеше кога ја објави песната „Like a Virgin“, која многумина ја сметаа за „непромислен и пресметан комерцијален потег“.

View this post on Instagram

A post shared by Il mio Mark Caltagirone  (@ilmiomarkcaltagirone)

- Кристина стана многу позната, ја бараа од целиот свет. Таа се соочи и со многу критики. Поради сето ова таа секако била збунета - изјавил за италијанските медиуми еден извор од црковните кругови.


- Заминувањето беше нејзина одлука. Откако сте толку многу на телевизија, веројатно малку го губите вашиот ориентир. Беше млада и под голем притисок – заклучил тој.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot/ Инстаграм - yassiraferdi

Видео: Youtube