Камион удрил во неа: Наташа Беквалац имаше сообраќајна несреќа, за среќа возела 10 км на час

Наташа Беквалац имала сообраќајна несреќа утрово околу 9 часот на аголот од улиците Кнез Александар Караѓорѓевиќ и Љутице Богдан во центарот на Белград.

Како што објавија медиумите, прилично голем камион удрил во нејзиното „Ауди“, за среќа никој не е повреден, а во текот на денов пристигнаа и деталите за несреќата. 

„Таа е добро, нема повреди. Возеше бавно, буквално, 10 километри на час кога човек удри во нејзиниот автомобил. Автомобилот е навистина оштетен ", вели извор за српски медиуми. 

По веста дека имала несреќа, Наташа само кратко изјави:

"Би ве замолила да се слушнеме подоцна. Ви благодарам".

извор:mondo.rs