Животна училница // Приказни
ЌЕ МОЖЕ ДА ВЕНЧАВА: СТИВЕН ТАЈЛЕР ОД АЕРОСМИТ СТАНА СВЕШТЕНИК
- 06 Ноември, 2018
Фронтменот на популарниот состав „Аеросмит“, Стивен Тајлер, стана свештеник на Универзалната животна црква и ќе може да венчава двојки во Соединетите Американски Држави, пренесува „Танјуг“.
Американскиот портал ТМЗ информира дека Тајлер успешно ја завршил интернет-обуката на онлајн црковната заедница. Пејачот платил 80 долари за курсот, а по добиениот сертификат американскиот рокер се здобил со статусот свештеник и ќе може да венчава двојки.
Минималната цена за неговите услуги наводно ќе изнесува 200.000 долари, а веќе се понудил да ги венча Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин кои веќе ја официјализираа нивната врска во оптшината во Њујорк, но не и во црква.