Ќе се изненадите: Што сѐ можете да исчистите во машината за миење садови

Многу повеќе работи отколку што мислевте

Ако садовите и тенџерињата што ги миете се стакло, пластика и метал, тоа значи дека и други работи направени од истите материјали може да се чистаат во машината за миење садови.

Сепак, постојат некои работи што никогаш не треба да ги ставате, како на пример дрвени предмети, предмети од леано железо и бакар. Горниот држач е секогаш најбезбедно место бидејќи е подалеку од грејниот елемент при сушење.

Еве што можете да исчистите во машината за миење садови:


1. Додатоци за кујна

Сунѓери и четки: Секој пат кога ќе измиете куп садови, ставете го сунѓерот во горната фиока, а четките со рачката заедно со прибор за јадење.

Силиконски ракавици: Ставете ги најдобро на горната полица

Полици од фрижидер и кутии: Ако не сакате да ги миете со рака, само вметнете ги во машината.


2. Украси

Вазни: Повеќето вазни и украси може лесно да се чистат во машината за миење садови. Сепак, не ризикувајте со деликатни украси и предмети украсенисо злато или сребро. Користете го горниот држач за сите освен за најтешките парчиња.

Столни ламби: Стаклени топки и абажури.

Решетки за вентилација: Лесно ќе се отстрани лепливата нечистотија од нив, дури и ако се челик или алуминиум.


3. Додатоци за бања

Држач за сапун и четки за заби: За да го намалите развојот на бактерии, чистете ги во машината за миење садовиеднаш неделно.

Гумени подлоги за туширање: И овој додаток за бања е најдобро да го миете барем еднаш во неделата.

Сунѓери и четки: Неделното чистење во машината за миење садови ќе ги отстрани нечистотијата, бактериите и прашината.

Обвивки за вентилаторот: Исчистете ги барем еднаш на секои шест месеци за да ја отстраните прашината и маснотиите.


4. Прибор за нега

Четки и чешели: Пластични четки и чешели можат да бидат поставени во корпа за зачувување, но никогаш не мијте ги дрвените.

Додатоци за маникир и педикир: Детергентот и топлата вода ќе ги убијат габите и бактериите.


5. Детски играчки

Играчки за бања: Тие треба да се чистат барем еднаш месечно.

Пластични играчки и лего коцки: Ставете ги малите фигури и лего коцки во мрежи или кутија на горната решетка.


6. Додатоци за миленичиња

Играчки: Пластичните или гумени играчки ќе изгледаат нови по миењето во машината за миење садови.

Сад за храна: Исчистетеги керамичките, пластичните или металните садови еднаш  дневно во машината.


7. Градинарски алатки и додатоци

Алатки за градина: Прескокнете ги само алатките што имаат дрвени рачки.

Саскии: Ставете тенки пластични сакции на првата полица, а потешкитесместете ги на долната полица и оставете машината за садови да си ај заврши работата.

Решетки за скара: Зошто да трошите време на рибање?

Гумени чизми: Можете да ги исчистите во машината, но пред тоа, исплакнете ги нивните стапала под млаз вода.

Апостолки: Осигурете се дека детергентот не содржи белило.