Клуб им нуди бесплатни пијалоци на жените според тежината

Клуб во Дубаи одлучи да им понуди бесплатни пијалоци на жените, пренесува „Инсајдер“. Сопствениците на локалот Fusion Club појаснуваат дека не инситираат гостинките да ја потврдат својата тежина.

- Ниту ќе ги мериме, ниту ќе ја проверуваме нивната тежина. Ќе им веруваме на нивниот збор и ќе им сервираме бесплатни пијалоци соодветни за нивната тежина, изјави менаџерот на клубот Анил Кумар.

Промотивната понуда трае до крајот на годината, а има и позитивно мото: „Добро е да се добие на тежина“. Од Fusion Club доплнуваат дека не мора секогаш да бидеме сериозни.

Каква е математиката?

Еден килограм вреди 1 Дирхам, валута во Обединетите Арапски Емирати. Тоа значи дека жена која тежи 60 килограми ќе може да испие пијалоци во вредност од 60 дирхами, односно 900 денари.