Кога носев женска чанта, ти ме поддржа: Боки 13 со „Рекет“ сакал да врати долг на Карлеуша
Боки 13 кој во моментов е во притвор во Скопје поради случајот „Рекет“ во неколку наврати има изјавено дека српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзината покојна мајка дивна му се блиски пријателки.
Српски „Курир“ открива дека Бојан од Карлеуша повеќе пати позајмувал пари, а за да ѝ ги врати, решил да го рекетира бизнисменот Јордан Камчев за 1,5 милиони евра, вели изворот на „Курир.рс“.
„За да ѝ ги врати парите на Карлеуша и за да се извлече од финансиските проблеми, тој реши да се занимава со криминал. Кога падна во долгови и кога естрадната кариера му тргна надолу, реши на валкан начин да дојде до богатство. Планирал на Карлеуша да ѝ го врати долгот, да ги подмири минусите во банкте, а со останатиот дел од парите да започне бизнис“, рекол изворот.
Колку Бојан Јовановски бил близок и со покојната мајка на пејачката, новинарката Дивна Карлеуша, кажува и неговиот статус на Фејсбук по смртта на Дивна во март.
Боки со Дивна Карлеуша и со Лепа Лукиќ учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ и снимија заедничка песна
„Додека носев женска маица и сукња, ти гордо чекореше со мене низ Белград и ми даде поддршка додека останатите ми се потсмеваа. Ми беше како втора мајка, прва ме однесе во нашиот омилен ресторан, никогаш не ми дозволи да платам ручек или вечера, беше најопасната жена што некогаш сум ја сретнал. За мене секогаш ќе бидеш единствена и незаборавна Дивна (најпрекрасната) Карлеуша“, напиша Боки 13.