Кога си на хемо, деновите кога се чуствуваш добро се непроценливи: Младата мајка и докторка Марија ужива со ќерките

Марија Бунда е млада сопруга и мајка, и дерматолог по професија. Таа пред повеќе од една година откри дека има рак на дојка на само 28 години и реши да ја сподели својата борба со јавноста.

Моментално Марија е во Англија каде го продолжува лекувањето кај својата мајка која е радиолог на дојки во Англија и ментор на спезијализанти од Кембриџ.

Марија секојдневно испраќа пораки до сите девојки и жени да прават редовен самопреглед на дојките, бидејќи ракот на дојка може да се превенира.

Таа пред извесен период со насмевка на лицето сподели дека прима нова хемотерапија, а сега сподели дел од среќните моменти со своите ќерки.

„Кога си на третман ( хемо), деновите кога се чуствуваш добро се најубави и непроценливи. Колку убавина во овој свет само да уживаме во сега и денес. Тоа е најбитно и најголема среќа.“

View this post on Instagram

A post shared by (@dr.marijabunda)