Колешка и најдобра пријателка: Зошто е добро да ја имате на работа

Добивај вести на Viber

Денес секој се радува ако на работа има супер колешка. Без разлика на работните обврски, човекот не може да функционира без пријателство а колегите честопати ни се и како семејство.

Секој еден човек би сакал на работа да има некој со кој ќе може да сподели интимни разговори од личниот живот, радосни мигови и проблеми.

Работната атмосфера треба да биде пријатна а не монотона и напорна. Затоа е добро меѓу колегите да има разбирање и да владее хармоничен однос.

Еве неколку факти зошто е добро да имате колешка на работа која е ваша добра пријателка.

-Имате некој што секогаш ќе ве замени или ќе ви помогне со работата

-Таа секогаш ќе ве сослуша 

-Ќе биде ваше рамо за плачење кога ќе се скарате со партнерот или ќе имате проблем со децата

-Ќе ги поддржува вашите задачи и идеи на работа

-Ќе ви направи кафе 

-Ќе ви ја пушти омилената песна кога сте нерасположени

-Секогаш ќе имате со кој да одите на шопинг, или во кино

-Ќе имате со кој да уживате во заеднички активности - јога и фитнес на пример


Кажете ни во коментар зошто вашата колешка ви е посебно драга