Koлку ќе нè чини тегла ајвар годинава и дали ќе се исплати да правиме?

Дали оваа зима ќе имаме ајвар на трпезите како претходните години или ќе правиме во помали количини? Има семејства кои досега правеле по 20, 30 тегли ајвар, но сега се двоумат  поради скапотијата. 

Катерина Василеска од Охрид која се занимава со производство на зимници објаснува дека за да се добие една голема тегла ајвар се трошат 2 килограми пиперки, но важен е и квалитетот. Дополнително потребно е масло, и други мирудии, се троши  електрична енергија или пак дрва за огрев и тоа секако ја крева цената на производот.

„Пиперките не се толку скапи, колку што маслото за јадење е поскапено. Јас оваа година една голема тегла ајвар планирам да ја продавам по 400 денари. Очекувам дека луѓето помалку ќе купуваат, затоа што за тие пари можат да купат други намирници“, кажа  Василеска.

Детали читајте на Фактор тука.