Ѕирнете во излогот на вашиот град, сега, за празниците, можеби ќе ви се допадне вашиот лик во одразот, кој раскажува за една година на среќни моменти, разочарувања, успони и падови, радост и болка, нова работа или нови пријатели. Блескавоста некогаш крие тажна приказна, но нели и со шминката истакнувате или покривате физички недостаток или лош ден.
Ова е дел од новата колумна „Излог“ на познатата новинарка и колумнистка Лејла Сабит која е нов член во тимот на „Женски магазин“. Истоимениот серијал колумни, почнувајќи од утре, па секој нареден четврток ќе можете да го читате само кај нас.