Купува и трансформира стар мебел: Нејзиниот дом е исполнет со ремек-дела кои сама ги создава (ФОТО)

Старите парчиња мебел имаат неверојатен потенцијал.

Дебора Стабингтон (40) од Есекс ги трансформира старите, користени предмети и им дава нов живот. Својот двособен стан го исполнила со ремек-дела што самата ги создава.

Англичанката започна да го обновува и трансформира мебелот во септември 2019 година, бидејќи не сакала да потроши цело богатство на нов мебел.
Откако собрала инспирација на „Пинтерест“, започнала да бара евтини предмети на „Фејсбук маркет“ и во локалните добротворни продавници каде луѓето продаваат стар, искористен мебел по ниски цени.

ПРЕД

ПОТОА


ПРЕД

ПОТОА


ПРЕД

ПОТОА


ПРЕД

ПОТОА


ПРЕД

ПОТОА


- Прелистувам на Фејсбук маркет неколку пати на ден. Тоа е толку фантастично место со пристапни цени. Најдов толку многу одлични работи како мали парчиња мебел и мали украсни предмети - рекла Дебора.
Во нејзиниот дом има толку многу работи што сама ги преуредила и трансформирала.


- Мислам дека секогаш треба да размислуваме како можеме да го пренамениме она што веќе го имаме. Има толку многу одлични производи на пазарот, како спрејови, бои и леплива хартија, што значи дека можете да ги уредувате старите предмети евтино. Дури и едноставна промена на рачките може да преобрази парче - додаде Дебора, а пишува Метро.


Нејзиниот инстаграм е исполнет со многу такви трансформации кои самата ги направила, од кои можете да се инспирирате.

извор:24sata.rs

Драгана ја реновираше старата кујна за 3 дена и 40 евра: Идејата ја најдe на Интернет (ФОТО)

Ја трансформираше кујната за само 24 часа: Вложи 250 евра и ја зголеми вредноста на нивниот дом за еден милион денари (ФОТО)

Ивана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново

За 1.350 денари ја реновираше кујната: Силвија објасни сè - ви треба само една работа, а резултатот е неверојатен

Беки целосно ја реновирала кујната за 7000 денари: Можно е, а погледнете и како (ВИДЕО)