Актуелно // Insta вести
Леат солзи од среќа: Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски стана европски шампион!
Сара Мејс и Димитар Атанасовски се горди родители на Илина и Кирил. А она
што посебно ги направи уште посреќни е првото место на ќеркичката Илина која вчера стана европски шампион во
танцување.
За таа прилика Сара објави неколку фотогравии на социјалните мрежи.
-Европскава шампионка денес ме направи најсреќна и најгорда мајка на светот! Си се изнаплакав поштено. Пукам од убаво!Секоја чест за посветеноста и напорната работа која евидентно се исплатеше! И да, поврзани сме од сам старт со малово. Битните датуми за мене, уште побитни за неа. Секогаш дупло повеќе ги разубавува.Дента која ја вадев “Црна капина” , се роди она, денес ја вадам “Фрекфенција”, она стана европски шампион, напиша Сара.
Фото:Instagram/SataMace