Лепа Брена излезе од огромна диско топка на концерт во Загреб: Го остави срцето на сцена и се расплака додека го пееше овој нејзин голем хит

Добивај вести на Viber

Една од најголемите регионални ѕвезди Лепа Брена синоќа започна серија од пет концерти во загрепската Арена и направи вистински спектакл за паметење.

Имено, Лепа Брене неколку пати се пресоблекла на сцената, а настапот кој го изведе кога излезе од огромната диско топка ги воодушеви сите, а публиката врескаше и ја пееше секоја нејзина песна од збор до збор.

Пејачката Драгана Мирковиќ беше специјална гостинка на концертот на Брена во Загреб.

Имено, Драгана била видно расположена и не ја симнувала насмевката од лицето. Играла и пеела, а во еден момент ја снимила Брена на сцената додека имаше концерт пред 15.000 луѓе.

Премногу емоции на овој концерт. Пејачката не додржа, па дури и се расплака на сцена.

View this post on Instagram

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

„Пожели сречу другима“ е нејзин голем хит, на кој Брена се расплака, а публиката одговори со громогласен аплауз и неизмерна љубов.

Да потсетиме, балканската дива следните 11 дена ќе ги помине во Загреб, а за Хрватите имаше посебен услов да одржи дури 5 концерти. Таа побара паузи помеѓу два концерти, за да може да се одмори и да ги наполни батериите за следните концерти.

Колку ќе заработи Лепа Брена за 5 арени во Загреб

- Ќе пееме во Загребска Арена се додека ги може да ги полниме. Секако, тоа ќе го направиме со неколку паузи. Тоа време кога постигнував рекорди, тоа беше помеѓу 1982 и 1990 година. Секој ден имавме 31 последователен настап. Потоа пеев 17 дена во Сава центар... На оваа возраст верувам дека не треба да бркам некои рекорид, ниту да бркаме некоја цифра повеќе. Сакам да работам добро, да уживам, да не се преоптоварувам. Може да направиме два концерта по ред, а потоа следниот ден да има пауза, да се ресетирам. Ни помладите околу мене не можат да го издржат тоа темпо. Јас сум сериозен маратонец, како што гледате, колку години работам... И професионалец - рече Лепа Брена и зборуваше за потенцијалната заработка, кога истакна дека повеќе ќе изгуби пари отколку што ќе добие.

- Никогаш не размислувам за заработка. Обезбедувањето висококвалитетен концерт денес е, продукциски, многу скапа приказна. Едно е кога ќе излезеш со десет музичари без скапа продукција, танчери, музичари, костими... Помина времето на вакви настапи. Денеска организацијата на секој концерт е над 200.000 - 300.000 евра. Размислувате дали сте инвестирале можеби 100.000 евра повеќе? За мене сега е поважно да и се оддолжам на мојата публика во Загреб. Можам да излезам и со позитивна нула. Сите вакви концерти, со скапа продукција и организација, ако направиш еден или два, на нула си. Можеби третиот или четвртиот концерт се тие што се исплатат, но мене тоа не ме интересира, на оваа позиција - изјави неодамна Брена за хрватски „Стори“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs