Летото не е завршено: Каде да се одморите евтино во септември?
Дека последните летни
денови се најпријатни за одмор, потврдуваат и многу домашни агенции. Нема гужви на плажите, а цените се пониски и до 50 отсто во зависност од дестинацијата. Седумдневен
престој организиран
од агенција во некое од познатите туристички места на Егејското море ќе ве чини од 150 до 200 евра. Пакет-аранжманите за Турција,
Шпанија и Италија се намалени од 700 на 500 евра, а во Албанија за 150 евра може
да се добие десетдневно сместување во солиден хотел.
Септемврискиот одмор не носи само заштеда на цената на аранжманот, туку вообичаено се’ е поевтино во местата за летување, како лежалките на плажа, изнајмувањето реквизити, бродски тури, пијалоци и јадење во ресторани.
Калитеа е омилена дестинација за македонските туристи
- Се побарани се аранжманите во септември, особено во блиските туристички места во Грција, кои ги нудиме со посебни попусти и вонсезонски цени. Најдобар доказ за тоа е дека речиси се продадени сите соби кои ги имаме закупено во познатите одморалишта на егејскиот брег за групите кои тргнуваат на 9-ти септември. Цените се до 50 отсто пониски во споредба со шпицот на сезоната, во јули и во август, а сместувањето е бесплатно за трето и четврто лице - велат од една скопска агенција.
Па доколку сте за одмор без гужва и по поволни цени, тогаш резервирајте си сега зошто сега е вистинското време и ласт минут понудите се актуелни во моментов.Калитеа, Фурка, Ханиоти се на првиот крак и на социјалните мрежи наидовме на понуда која ќе ви се допадне, а тоа е 69 евра по лице. Доволно е да го пребарате интернетот и понудите сами ќе ве најдат.
Во Дојран е пријатно за бањање до почетокот на октомври
И во домашни туристички места од 1 септември цените во рестораните, хотелите и во приватното сместување се пониски од 20 до 30 отсто. Дојранчани велат дека очекуваат добра посетенот и во првите есенски денови. Благата клима во овој дел од земјата овозможува уживање во езерските води се’ до почетокот на октомври.
Цените во туристичките
места зависат и од денот во неделата. Така, престојот за време на викенд
деновите по правило е поскап, отколку одморот во текот на работните денови.