Лимузина, шампањ и бакнување во уста со девојки: Мадона полуда од било кога - покажа како го прославила 64-от роденден (ВИДЕО)

Поп кралицата полуда од било кога - наполни 64 години и повторно шокираше со однесувањето за роденденот во Италија.

Познатата поп икона Мадона наполни 64 години и сè уште не престанува да шокира со својот начин на живот и однесување, па во тој манир таа приреди забава и за овој нејзин ден.

Мадона Луиза Вероника Чикон е родена на денешен ден во 1958 година. Во 1982 година, светот имаше можност за прв пат да ја слушне Мадона. Но, никој не знаеше како таа изгледа бидејќи нејзината слика не беше ставена на синглот, за да ја привлече црнечката публика. По „Everybody“, вториот сингл беше „Burning Up“. Беше потпишан договор со издавачката куќа „Ворнер брадерс“ и на Мадона ѝ беше дадена дозвола да го сними целиот албум.
Тогаш на насловната страна беше прикажана русокосата Мадона со синџири околу вратот и рацете. 

Така почнала, останатото сите го знаеме, а денес е една од најпознатите поп икони во светот и секако решила да потроши добра сума на пари за својот роденден. Според извори кои ги пренесоа странските медиуми, пејачката решила да потроши илјадници долари само за летот на своите најблиски, не зажалила, бидјеќи решила да се опушти далеку од очите на јавноста -“ Palazzo Castelluccio“ во Сицилија, Италија.


Таму биле и нејзините деца, но потоа сакала да ја продолжи прославата на гламурозен начин, како што се забележува и на видеото кое таа го сподели.


На снимката, Мадона и нејзините деца - вклучувајќи ги Рок, Дејвид Банда, Мерси, Стела и Естер - седеа на убаво украсената маса во градина додека слушаа бенд во живо. Таа објави и видео, на кое покажува како започнува забават - таа седи во лимузина и се бакнува во уста со своите пријателки. А покрај тоа, таа на Snapchat сподели и фотографија со полна чинија марихуана, држејќи цигара во устата...

извор:b92