Љубов од детството: Хрватскиот фудбалер Матео и неговата поубава половина Изабел ги споила црквата

Изабел и хрватскиот фудбалер Матео се во брак повеќе од пет години. Нивната љубов започнала во нивните млади денови, кога Матео започнал да игра во Динамо - Загреб, а Изабел пеела во црковниот хор.

Парот се венчал по седум години врска, а нивната љубов започнала во 2010 година кога се запознале во нивната парохија. Матео бил помошник на член на свештенството за време на христијанска литургија, а за време на неделните миси се заљубил во убавата Изабел, која пеела во хорот.

Тие се венчале во истата црква каде што се запознале -  во јуни 2017 година си размениле завети опкружени со семејството и пријателите.  

Убавата Изабел на венчавката носела раскошна венчаница, која ја споила со луксузна огрлица и нараквица обложена со дијаманти од француската куќа Картие. Матео избрал класично темно сино одело со лакирани црни чевли.

Меѓу гостите на нивната свадба беа и колегите фудбалери на Ковачиќ, а посебно внимание беше посветено на Марсело Виеира (33) со кој Матео тогаш играше во Реал Мадрид.

По црковната венчавка младенците го прославиле бракот во хотелот The Westin во Загреб. Заедно со многу познати гости.

Матео по венчавката објави фотографија со сопругата со емотивна објава:

- Моето минато, мојата сегашност и мојата иднина. Мое се‘ – напиша фудбалерот. 

Парот не се плаши да ги покаже своите чувства пред целиот свет, па често на социјалните мрежи изјавуваат љубов и покажуваат колку си значат еден на друг.

Во 2020 година, парот го доби синчето Иван.


Фото: Инстаграм/ Printscreen - Видео- 24сата

Извор: 24сата