Луѓето патат од вишок на килограми, а таа ги промовира: Критики за Ешли Грем

Плус сајз манекенката Ешли Грем е позната по тоа дека своите осум милиони следбеници на Инстаграм, секојдневно ги „чести“ со фотографии во минијатурни бикини кои откриваат доста од нејзините адути.

Во моментов снима моден едиторијал за марка на костими за капење за покрупни жени, а освен убавата природа, нејзините фанови забележаа дека Ешли се потрудила да го повлече костимот над колковите. Едни го плукаат, а други го поддржуваат нејзиниот изглед и ставот кој го застапува.

„Таа не би требала да го промовира вишкот килограми затоа што многу луѓе се борат со него“, пишува еден од нејзините следбеници, но Ешли и покрај тоа се гордее со своето тело, но секој ден вежба во теретана.

„Никогаш не дозволив телото да ми пречи во напорните тренинзи. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме спречи да продолжам да се движам и да имам контрола врз своето здравје“, стои под видеото на кое таа покажува како вежба. 

Фото: Инстаграм