Животна училница // Приказни
Лука од поранешното дуо „Ту челос“ стана татко по трет пат: Сопругата се породила дома, бебето доби моќно име
- 16 Март, 2021
Виолончелистот Лука Шулиќ и неговата сопруга Тамара добија трето дете, синот Лео.
Поранешниот член на групата „2 Cellos“ со фановите ја сподели добрата вест - дека Тамара се породила во нивниот дом и дека сè поминало како што треба.
„Се роди нашето трето мало чудо, токму во нашиот дом - малото момче Лео. Јас сум толку горд на мојата убава и силна сопруга. Нека почне хаосот“, напиша меѓу другото Лука на Инстаграм. Лука и Тамара ги имаат и синот Вал и ќерката Хана.