Мајка продава експлицитни фотографии за нејзината ќерка да живее што е можно поубаво

Ќерката нема никакви проблеми со бизнисот на нејзината мајка

Самохрана мајка која им продава експлицитни фотографии на корисниците на Интернет, нема проблем да се фотографира и со својата ќерка.

Дваесет и седумгодишната Семи Ливели од Бирмингем продава експлицитни фотографии, а не се срами од нејзината ќерка.

Покрај тоа, Сами напиша дека е „горда“ и „благодарна“ за работата што и дава можност да се грижи за својата ќерка.

Таа работи и како фризер и, како што вели, никогаш не очекувала да биде самохрана мајка и дека ова е најтешката работа на светот која на крајот секогаш се исплати.

„Јас објавив фотографија со ќерка ми за да им кажам на луѓето дека не се срамам од мојата работа, што ми овозможува да ја одгледам ќерка ми,  да и дадам подобар живот. Таа разбира дека тоа е само работа и обожава да доаѓа на снимањето“.

Таа ги опишува фотографиите што ги продава како „малку дрзки“.

„ Ја сакам мојата работа. Досега моите слики се објавени во списанија, брошури и реклами за долна облека“, вели гордата мајка.

Нејзината петгодишна ќерка, но и  сите во семејството знаат со што се занимава Сами, и се чини дека станува збор за  многу либерално семејство.

Што мислите вие?