Македонските „Втори дами“: Дали ја оправдаа „функцијата“ или само модно изгледаа убаво

Сопругите на премиерите неретко се нарекуваат втори дами, иако овој термин не е многу благодарен само по себе. Во светот тие заедно со првите дами се многу актуелни, посебно кога се работи за хумани акции, образование, деца... секојдневно одат на трибини, советувалишта, значајни општествени настани во кои се глорифицира жената или семејните вредности... Нивната таканаречена функција секако не треба да се занемарува затоа што можат многу да придонесат во градењето на подобро општество.

Кај нас вторите дами низ годините беа и не беа многу активни. Но секоја остави свој белег, без разлика дали се работи за стилот или со своите постапки.

Имавме неколку премиери од осамостојувањето па до денес. Нивните сопруги најчето беа на ниво на задачата, па и на модно ниво- секоја различна сама по себе и изборот на облека, ама сепак во сенка на сопрузите.

Сега веќе екс сопругата на Никола Груевски, Боркица Груевска, во времето на мандатот на Никола, често беше видена на настани од секаков карактер. 

Преферираше да носи фустани кои ја изразуваат линијата на телото но и такви кои се со строг крој, ама во боја и не претерано шарени. Нејзината тивка појава сепак го задржуваше вниманието и таа на своевиден начин остави моден белег во годините на владеењето на нејзиниот сопруг. 

Често си играше и со накит, внимателно избран, а косата и шминката секогаш ѝ беа одлично усогласени. За разни свечености носеше паметно избрана облека и изгледаше убаво. 

Зорица Заева, сопругата на екс премиерот Зоран Заев имаше голема промена во изгледот, но и во килажата. 

Таа драстично ослабе, почна да одбира парчиња облека кои совршено ѝ прилегаат и беше интересна како појава. Минимализмот го истакнуваше најчесто, неретко комбиниран со елегантен, суптилен накит. Секогаш заокружувајќи со добри чевли. И таа беше во сенка на сопругот.

Елена, сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски немавме никаква можност да ја видиме се додека не замина како „втора дама“ на патувања надвор од земјава и на настани од глобален карактер.

Токму таму и го видовме нејзиниот стил, како и при посета на Американскиот претседател и првата дама Џил Бајден. Од она што го презентира модно се виде дека има добар стил и на ниво. Кај нас ја видовме заедно со првата дама на Македонија на настан каде дадоа поддршка за борбата пртив рак на дојка. Се надеваме дека ќе продолжи во таа насока.

Р:Ж.М