МАНИЈАЦИ ИМА НЕ САМО ВО ЈАВНА СОБА: Струмичанец креирал албуми со слики од Фејсбук и ги објавувал на сајт за возрасни

Очигледно дека не се правеле злоупотреби само во Јавна соба. 

Дваесет и шест годишен струмичанец преземал фотографии на четири жени од Струмица од социјалната мрежа од Фејсбук, по што креирал албуми и ги објавил на сајтот за возрасни „xHamster“. 

Откако тие за ова дознале, го пријавиле во Полиција.

„На 10.02.2021 Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие објаснуваат дека Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“. 

Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк