Животна училница // Приказни
Ми бараше слика од автомобилот: Проговори братот на Дарко Лазиќ
- 05 Ноември, 2018
Еднаш победи, ќе победи и овојпат. Свесен е за се, знае што му се случило, им изјави на српските медиуми Драган, братот на популарниот српски пејач Дарко Лазиќ кој на 23 октомври преживеа тешка сообраќајна несреќа.
Тој им откри на новинарите за што разговарал со брат му кога го разбудиле од вештачка кома.
- Прво ме праша каде се случила несреќата, а кога му објаснив ми бараше фотографија од автомобилот. Не му покажав ништо, го поштедив од стресови. Лекарите му раскажаа што се случило - изјави Драган во емисијата „Премиера викенд специјал“.
Фото: RAS Srbija