Мислев дека син ми умре: Сандра Булок го шокираше светот - само погледнав лево и почнав многу да плачам

Добивај вести на Viber

Актерката Сандра Булок (57) раскажа приказна за својот приватен живот и ги откри траумите низ кои поминала

Таа откри дека денес се чувствува подобро благодарение на терапијата, но дека имала психички проблеми.

-Го погледнав своето тело и си помислив „ќе се скрши“. Не се скршив, добро реагирав на тоа што ми се случи– рекла Сандра.

Сандра поминала низ пекол, прво во моментот кога мислела дека ќе го изгуби синот бидејќи имал висока температура.

- Мислев дека умре. Мислев дека е готово – раскажатаа.

Два дена по тој настан, актерката отиде на Оскарите, но тоа не бил крајот на нејзините маки.

Токму кога имала премногу стрес, им се случило најстрашното нешто во животот. Тоа е упадот на Џошуа Џејмс Корбет, прогонителот кој беше опседнат со Сандра, во нејзиниот семеен дом во 2014 година. Како што истакна таа е благодарна што нејзиниот син во тој момент не бил дома.

- Тоа беше единствената ноќ кога Луис не беше со мене. Неговата дадилка рече: „Да го однесам во мојот стан“, а станот е преку улицата. Собата која сега е моја гардероба во тоа време беше негова соба, а да не се случеше се така како што се случи - ќе ни ги сменеше животите засекогаш – истакна Сандра.

Прогонувачот бил уапсен, а Сандра отишла во полиција.

- Беше страшно чудно, ќе излезев од автомобилот, ќе погледнев лево и ќе почнав да липам - рече таа и истакна дека морала да се собере поради синот. Си реков - јас сум самохрана мајка и ова дете нема што да впие од мене освен траума, страв и срам во најважниот момент од мојот живот и мислев дека не треба да ставам таков товар на моето убаво дете. .

- Научив да барам помош. Јас не сум добра во тоа. Јас не сум воспитана така. Но, морав да добијам помош. Сè уште не сум одлична во тоа, но станувам подобра - искрена е Сандра


Фото: Ројтерс