Млекара Здравје со нов успех и повод за средба со новинарите и соработниците
Млекара Здравје од денеска и официјално се вброи помеѓу компаниите од нашата државата кои поседуваат европски број. Со ова достигнување, млекарата ја потврдува својата заложба за целосно усогласување на производството согласно европските регулативи, што само по себе значи и потврдување на највисок квалитет на производите.
Со поседувањето на европски број, Млекара Здравје ги отвори можностите за извоз на производите во земјите од Европската Унија. По тој повод денеска од млекарата организираапразнична средба со новинарите и соработниците и покрај веќе познатите производи го послужија и тврдото сирење направено по оригинален италијански рецепт. „Сакаме да изразиме голема благодарност на поддршката која секојдневно ја добиваме од нашите верни соработници и потрошувачи. Уверени сме дека компанијата и во иднина ќе остане Ваш верен соработник и ќе обезбедува квалитетни производи на пазарот“, ни изјавија од Млекара Здравје.
Покрај веќе сертифицираните системи за квалитет и безбедност на храна FSSC (Food Safety System Certification) 22000 и ISO 22000, 9001:2015 и IFS (International Featured Standard – Food), Млекара Здравје во целост го имплементираше и британскиот BRC, највисок стандард во оваа област за кој се очекува и наскоро сертифицирање.