Многумина лудуваа по него, а тој избра девојка родена во затвор: Познатиот убавец сега живее повлечено

Добивај вести на Viber

Тој беше ѕвезда на 2000-тите, а по него лудуваа сите тинејџерки

Го паметиме како ѕвезда на тинејџерската серија „Округот Оринџ“, а од денот на нејзината премиера во 2003-та година, започнаа неговите денови на слава. Тој стана еден од најпопуларните актери на денешницата.

Денеска живее повлечено, а неодамна го прослави својот 43-ти роденден. Токму Адам Броди, темнокосиот миленик на тинејџерките реши да се посвети на семејството и да ја остави популарноста настрана.

Во младоста Адам бил многу лош ученик и голем бунтовник, а во Холивуд дошол на 19 години за да се обиде да го оствари својот сон да стане актер. Веќе во раните дваесетти години, тој почна да се движи кон својата цел и ги доби првите забележителни улоги во култната серија „Gilmore Girls“, а потоа и во „The O.C.“ каде како млад заводник ги освојуваше девојките ширум светот, а таа серија важи за една од најуспешните.

Познатиот заводник со години е во брак со Лејтон Мистер, девојката која се прослави со улогата на злобната Блер Валдорф во популарната серија „Gossip Girl“. Таа го запознала Адам во 2010-та година и љубовта веднаш се запалила, а покрај оваа серија, Лејтон е позната и по многу тешкото детство.


Имено, таа е родена во затвор каде нејзината мајка издржувала казна за дрога, растела со баба ѝ, а иако се обидувала да избегне каков било контакт со мајка си, во 2011-та година ѝ задавала големи проблеми.

Лејтон ѝ дала на мајка си пари кои биле наменети за помош на нејзиниот брат Александар, кој имал неколку сериозни дијагнози, но таа ги потрошила на хируршки процедури, вклучувајќи ботокс и за надоградба на косата.

View this post on Instagram

A post shared by Adam Brody (@ohadambrody)


Актерката дури и ја тужела, на што мајката одговорила со противтужба во која изјавила дека Лејтон ѝ ветила 10.000 долари месечно, за подоцна таа сума да ја намали на „само“ 7.500 долари.

View this post on Instagram

A post shared by Adam Brody (@ohadambrody)


Сепак, Лејтон успеа да ги надмине сите проблеми со љубовта и поддршката на Адам, а денес парот живее повлечен живот во Калифорнија и има две деца.

Извор: glossy.espreso.co.rs