Модата и филмот во 2019 во 10 фотографии

Позади нас е година во која Оскарот му припадна на актерот за кого сите навивавме, а Мет Гала е настанот кој успеа повторно да не остави со подотворена уста. Меган Маркл беше највлијателна во светот на модата, а ви издвојуваме уште неколку незаборавни моменти кои веројатно веќе сте ги подзаборавиле, а се случија токму во оваа 2019!

Лејди Гага и Бредли Купер на 91-то доделување на најпрестижната филмска награда Оскар

Рами Малик беше прогласен за најдобар актер за маестралната улога во филмот Боемска рапсодија

Покрај бројните аутфити кои не шокираа на годинашната Мет Гала, една од најфотографираните ѕвезди беше актерот и музичар Џеред Лито кој имаше најоригинална креација

На 6 мај се роди Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, синот на Меган Маркл и принцот Хари. Речиси сите влијателни магазини ја прогласија Маркл за модна икона во 2019

Фотографијата која за неколку минути го обиколи светот. Срдечниот поздрав на црвениот килим на лондонската премиера на „Кралот лав“ помеѓу Меган Маркл и Бијонсе


Следна страна