Мора да го знаете овој трик: Како да ги испеглате алиштата без да користите пегла (ВИДЕО)

фото:youtube printscreen

Буквално секој мора да го знае ова!

Сигурни сме дека пеглањето не е ничија омилена работа, но не можеме да ја напуштиме куќата во стуткана облека, во тоа ќе се согласите. Па ако спаѓате во оваа група, имаме добри вести.

Најдовме 2 трикови за совршено испеглана облека што заштедуваат време, но исто така не бараат употреба на пегла.

Еве за што станува збор:

Спреј за пеглање

Пронајдовме еден трик на Инстаграм, а го објави Австријка и за кратко време стана вистински хит. Таа објасни како едноставно да се направи спреј што „пегла“ облека.

Потребни ви се две чаши вода, лажичка алкохолен оцет (ја омекнува облеката) и лажичка регенератор за коса (ги релаксира влакната во облеката).

Измешајте ги состојките и истурете во шише со спреј. Потоа, попрскајте ја облеката и оставете ја да стои 5 минути.

И тоа е тоа, нема повеќе брчки на облеката и изгледа како да била свежо испеглана. Изумителот на овој трик тврди дека спрејот работи подеднакво добро на бела и обоена облека.

Погледнете го видеото:


Користење на пареа

Овој трик сигурно веќе го знаете или сте го испробале - наместо да пеглате, можете да правите две работи истовремено. Кога се подготвувате додека се туширате, едноставно закачете ја облеката на закачалка во бањата, затворете ја вратата и истуширајте се. Пареата од бањата ќе помогне во исправување на облеката. Но, не заборавајте на најважниот чекор, кога ќе излезете, брзо ставете ја облеката на рамна површина и исправете ја.

извор:zenskikutak.rs

Може да ве интересира: