Животна училница // Приказни
Може ли богатството во срцето да ја надомести немаштијата?
- 07 Септември, 2019
Еден постар човек еднаш бил повикан да го посети дворот на најмоќниот од сите кралеви.
„Му завидувам на светиот човек, тој е задоволен со толку мали работи“, прокоментирал владетелот.
„Јас ви завидувам Вам, Ваше височество. Вие сте задоволни со многу помалку од мене. Јас ја имам музиката на небото, ги имам реките и планините на целиот свет, ја имам Месечината и сонцето, затоа што го носам Бог во душата. Вашето Височество го има само своето кралство“, рекол обичниот смртник.