Му направила изненадување на сопругот, се соблекла и се покрила со балони: Следниот момент била во возилото на Брзата помош, а дијагнозата ги шокирала

Интимните моменти со сопругот завршиле со посета на болницата

Една жена открила дека е алергична на својот сопруг. Можеби бременоста на жената придонела за алергијата. Необичната приказна за Кристен и нејзиниот партнер Шон беше раскажана во емисијата TLC.


Кристен сакала на својот партнер Шон да му подари специјален роденденски подарок. Таа го наполнила целиот стан со балони и со нив го покрила телото. Но, жената во тие моменти сфатила дека нешто не е во ред - почувствувала печење во грлото и тешко дишење.

„Имав толку многу различни напади на алергија и астма што знаев дека нешто не е во ред“, рече Кристен за TLC.

Одеднаш се онесвестила и ја удрила главата на подот. Нејзиниот сопруг бил преплашен. Парот, бил убеден дека Кристен сигурно имала алергиска реакција на латексот содржан во балоните, па отишол во болница. Сепак, лекарите брзо го елиминирале латексот како причина за алергијата. Кога сопружниците ја слушнале дијагнозата, биле шокирани.

Лекарот ѝ кажал на Кристен дека нејзината алергиска реакција најверојатно била анафилактична реакција на која е многу чувствителна. Во случајот со Американката, тоа било поради спермата на нејзиниот сопруг. Кристен слушнала дека жените кои имаат бебиња можат да развијат нови алергии. Според експертите, тоа било причината поради која нејзиното тело реагирало.

„За време на бременоста, имунолошкиот систем на жената е малку потиснат за да не го отфрли бебето што расте во неа“, објасни д-р Кармела Јомтубиан.

По извршената анализа на крвта, лекарите ја потврдиле причината за алергијата.

„Паровите кои долго време се борат со оваа болест имаат неколку опции, а една од нив се бариерните методи“, коментира д-р Јомтубиан.



Фото и Видео: Youtube