Мудри совети за сите жени од Хелен Мирен која има 74 години

Добивај вести на Viber

Моите четириесетти години беа добри. Педесеттите сјајни. Шеесетите фанстастични. А седумдесеттите години се проклето феноменални, изјави славната актерка

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во најдобра смисла на тој збор - онаа која не престанува да свети. 

Таа не се плаши да каже што мисли, а тоа умее да го каже артикулирано и право во целта. Ова се некои од нејзините највпечатливи цитати што може да ве инспирираат да бидете послободни и свои.

1. Сега, кога сум во седумдесеттите години, она што би и го рекла на помладата јас, е да вели „од****“ почесто.

2. Сè уште го имам она „циганско" чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет повеќе од три или четири месеци во целиот мој живот. Секогаш садам зеленчук чии плодови потоа не ги јадам и цвеќиња кои нема да видам како цветаат. Јас секогаш се селам низ целиот свет.

3. Сето таа работа околу облекувањето е луда. Можете да го потрошите долар на јакна во мал бутик. И можете да потрошите илјада долари на јакна во мега продавница. И ако ги видите овие две јакни да шетаат низ улиците, веројатно не би знаеле која каде е купена.

4. Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имав дете, кое го немам, првото нешто што ќе ја научев мојата девојка е зборот „гони се“.

5. Најлошиот период во животот се дваесеттите години. Тоа е толку штета што тогаш сте најдиви и физички во најдобра состојба. Но, ова исто така е времето кога сте најнесигурни и полни со сомнежи во себе. Кога не знаете што ќе се случи, тоа е страшно.

6. Јас сум тип на човек што се облекува во „секнд хенд“ продавница, но отвара и шише шампањ.

7. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Тие можеби одбиваат да го кажат тоа, но ако земете некоја жена, и ја вратите 40 години наназад и ја прашате: „Дали е ова свет во кој би сакале да живеете?" Таа би рекла „Не"

8. Чудна е таа работа, ви станува попријатно во вашата кожа, дури и кога времето ви дава се помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, вие сте параноични и бедни. Мислам дека една од најголемите предности на стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.

9. Моите четириесетти години беа добри. Педесеттите сјајни. Шеесеттите фанстастични. А седумдесеттите години се проклето феноменални.

10. Целиот свој живот гледав 16-годишни девојки како си ја продаваат убавината, па мислам дека сега е неверојатно што сега жените од 70 години ги рекламираат своите производи на жени од 60 до 80 години.