„Мудроста во ранец, егото дома, главата горе, насмевка на лице и развалјуј“: Моќен статус на Снеже Велков

Добивај вести на Viber

Водителката и инфлуенсерка Снеже Велков, која е позната по активниот живот, возењето велоспиед, веганството и убаво пишаниот збор, уште еднаш си ја отвори душата со своите следбеници и напиша моќна порака на Инстаграм.

Убаво е човек да прочита нешто мотивирачки, реално од љубов напишано, па целата нејзина објава која инспирира ви ја пренесуваме во целост:

Понекогаш ќе треба 
Да се најдеш во друштво и со тој кој не го мирисаш.
Да се сретнеш со некого кој не ти е по воља
Да се поздравиш со некого кој не заслужува ни поглед
Да зборуваш со некого на кого ни поглед не би му пратил
Понекогаш ќе треба 
Да премолчиш некому кој заслужува најостро пцовка и најсилна повратна
Да се направиш дека не слушаш и тогаш кога во уво ти одѕвонува нечиј глас.
Да направиш еден чекор назад и тогаш кога ти се гази и оди напред.
Понекогаш треба, не оти тоа е правилно, ами оти тоа е мудро.
А мудроста секогаш ќе те однесе таму каде е најбезбедно и најдобро  за тебе.
Затоа мудроста во ранец, егото дома, главата горе, насмевка на лице и развалјуј.
И онака рацете ќе ги измиеш после поздравот, погледот ќе го свртиш, а добар денот нема да ти се изарчи
До целта има сопки од ваков вид.
Препознај ги и прифати ги како дел од играта
Не им се опирај само веслај!

View this post on Instagram

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)


Снеже не многу често, знае она кое ѝ тежи на срце да го напише на Инстаграм и да ги инспирира следбениците. Пишувала за машко-женските односи, за пријателството, за стареењето, за упорноста....


Фото: Инстаграм - Снеже Велков

Снеже Велков: „Сѐ помалку ми е битно каде се најдобрите журки и најатрактивните места, а се повеќе каде ми се најдобрите муабети“