На 71 година стана татко по трет пат: Прекрасна божиќна фотографија на Ричард Гир и убавата Шпанка со нивните деца (ФОТО)
Убавата Шпанка му роди две деца на Ричард Гир, а јавноста се уште не го знае името на најмладиот.
Ричард Гир ужива во празниците со семејството.
На Бадник, сопругата на 73-годишниот актер Ричард Гир, Шпанката Александра Силва, сподели ретка фотографија од парот како стои на пристаниште и гледа во далечината со нивниот тригодишен син Александар и двегодишниот син што го пречекаа во 2020 година.
Двојката допрва треба да го открие името на нивниот најмлад син. Во април 2020 година, актерот потврди дека станал татко на трето дете, односно го доби второто дете со Силва.
Гир е татко и на неговиот 22-годишен син Хомер, кој го има со поранешната сопруга Кери Лоуел.
Гир и Александра Силва се венчаа во 2018 година на нивниот ранч, а потоа во декември истата година, политичката активистка со шпанско потекло на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со Гир. Силва сподели селфи и напиша: „Јас сум толку среќна!". Во февруари 2019 година, Силва го роди нивното прво заедничко дете во Њујорк. А во 2020 година го добија второто дете.
извор:najzena
Беа најсекси славен пар на светот: Ричард Гир и Синди Крафорд - почеток и крај на една љубов