Најбрзиот рецепт за леб од тегла, без брашно и квасец (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Најбрзиот рецепт за леб од тегла, без брашно и квасец! Неверојатно лесно и направено за кратко време! Состојките само се мешаат и се истураат во теглата!

Овој леб останува мек со денови, благодарение на јогуртот!


Потребни намирници:

- 2 јајца

- 150 гр јогурт

- 10 гр сол

- 120 гр ореви

- 10 гр прашок за пециво

- 15 гр путер

- 350 гр овесни снегулки

- тегла

Начин на подготовка:

Во овесните снегулки додајте прашок за пециво и сол, па измешајте. Потоа додадете ги јајцата, измешајте, а потоа и јогуртот.

Кога сè добро ќе измешате, додадете ги мелените ореви. Повторно измешајте сè добро и оставете го да отстои покриено 10 минути.

Добро растопете го путерот и подмачкајте ги теглите (големина 700 мл), па добиената смеса истурете ја внатре.

Печете на 175°C околу 35 минути.


Бон апетит!


Фото и Видео: Youtube

Домашен сок кој разладува и лекува: Брзо се прави и е спас од летните горештини (РЕЦЕПТ)