Најмалата „плата“ е 40.000, најголемата 140.000 евра: Шокантни цифри кои членовите на жирито ги добиваат за една сезона во „Ѕвездите на Гранд“
Марија Шерифовиќ, Ѓорѓе Давид, Вики Миљковиќ, Ана Бекута... Може ли да претпоставите колку добиваат?
Членовите на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ со години ги гледаме на малите екрани секоја сабота и често се во фокусот на јавниот интерес, а сега се појавија вртоглави цифри, кои наводно ги добиваат од продукцијата секоја сезона.
Ѓорѓе Давид, кој се приклучи на популарното натпреварување во 2018 година, како замена за Аца Лукас, добива 40.000 евра, додека по него следува Драган Стојковиќ Босанац, кој заработува 60.000 евра.
Вики Миљковиќ и Ана Бекута добиваат исто пари, по 80.000 евра по сезона, додека Марија Шерифовиќ, според „Објектив“, од Саша Поповиќ добила многу повеќе од сите нив.
Платата на Марија наводно е 140.000 евра за секоја сезона во која е дел од жирито.
Ако земеме предвид дека сезоната трае скоро една година, односно дека има повеќе од 40 емисии, а сите во жирито имаат свои кандидати на кои се ментори и со кои работат со недели, сосема е очекувано да заработуваат по неколку илјади евра за една емисија.
Како што претходно пишуваа српските медиуми, Јелена Карлеуша е единствената која не добива ниту едно евро за својата работа.
фото: Инстаграм