Најсилен земјотрес во последните 30 години: Како изгледа Албанија ова утро

На снимките кои ги објавија регионалните медиуми се гледа како една зграда се руши, а автомобилите се во пламен

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја погоди Албанија. Загинаа најмалку седум лица, а повредени се најмалку 300 жители. Поместувањето се почувствува и во неколку соседни земји, меѓу кои е и нашата.


Сцените во Албанија ова утро се страшни. Урнати објекти и руинирани улици. Се’ уште се трага по некои лица. Најголема е штетата во Драч. Министерството за одбрана соопшти дека ова е најсилен земјотрес во Албанија во последните 30 години.