Најубавата жена живее со тешка траума: Бев дете и сведок кога мајка ми му пресуди со куршум на татко ми алкохоличар

Добивај вести на Viber

Шарлиз Терон неодамна искрено зборуваше за семејната трагедија која го обележува нејзиното детство, кога нејзиниот татко ја застрелал вратата од собата во која се криела со мајка ѝ, бил клучен момент во нејзиниот живот.

Ситуацијата Терон ја опишува како чин на самоодбрана, оставила длабоко и трајно влијание врз неа и нејзиното семејство.

На 15 години, Шарлиз доживеала драматичен инцидент кој речиси го одредил текот на нејзиното воспитување. Зборувајќи искрено со Националното јавно радио (НПР), Терон ја сподели оваа интимна приказна од минатото. Таа истакна дека иако целата ситуација била застрашувачка, ниту еден куршум не ја повредил нејзината мајка, иако тоаа тоа го опишува како чудо. Но, како што нагласи, нејзиниот татко бил во таква состојба што нејзината мајка била принудена да дејствува во самоодбрана.

Растејќи на фарма во близина на Јоханесбург, Јужна Африка, Шарлиз го опишала животот со татко алкохоличар како исклучително тежок. Нејзиниот татко Терон го опишува како „многу болен човек“. Ова искуство оставило длабока трага на неа и на нејзината мајка, обликувајќи ја нивната перспектива за животот и нивната врска со трауматските настани.

„Деновите поминати со зависник се непредвидливи, а таа непредвидливост е нешто што се врежува длабоко во вас и останува до крајот на животот“, рекла Шарлиз.

Ноќта кога нејзиниот пијан татко влегол со пиштол во куќата, таа и нејзината мајка, во страв и паника, ја затвориле вратата од спалната соба за да го спречат да влезе. Таа слика, потпрена на вратата за да се заштити, останала врежана во нејзиното сеќавање како симбол на храброста и опстанокот.

„Мајка ми и јас бевме во спалната соба потпрени на вратата, бидејќи тој ја туркаше вратата. И двете бевме од другата страна, потпрени на неа за да го спречиме да влезе“, рече Шарлиз.

Нејзината храброст јавно да ја сподели оваа интимна приказна не само што ги зајакнува другите кои можеби поминале низ слични искуства, туку ја истакнува важноста да се зборува за семејното насилство и тешките ситуации што се случуваат зад затворени врати.

Нејзините сеќавања сè уште ги чувствува како свежи, иако во моментот на несреќата била помлада.

„Тој направи чекор наназад и трипати пукаше во вратата. Ниту еден куршумне не погоди, што е вистинско чудо. Но, мајка ми во самоодбрана го застрела“, раскажала Шарлиз.

Терон вели дека насилството што го чувствувала во нејзиното семејство е нешто за што зборува со многу луѓе.

„Не се срамам да зборувам за тоа, бидејќи мислам дека треба повеќе да разговараме за овие работи, за да сфатат дека не сме сами во ова. За мене секогаш ќе биде приказна за тоа како е да растеш со зависник и како тоа може да влијае на една личност“, вели актерката.

Оскаровката зборуваше и за тоа кога режисерот непримерно ја допирал на аудицијата што ја организирал дома. Пред да замине таа му се извинила и поради тоа е лута сама на себе.

„Се обвинував себеси. Дека не ги кажав вистинските зборови и дека не му реков да си оди и дека не направив се што сите веруваме дека треба да се направи во тие ситуации“, вели Шарлиз.


„Bombshell“, нејзиниот најнов филм во кој ја игра телевизиската водителка Мегин Кели, исто така е за сексуално вознемирување.

Станува збор за приказна за жена која работела за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ и која го обвинила тогашниот режисер Роџер Ајлс за сексуално вознемирување.

Глумицата вели дека филмот зборува за таа „сива зона“ на секусално вознемирување и дека во тоа се пронашла.

„Тоа не е секогаш физичка навреда. Не е секогаш силување. Има и психолошка штета која секојдневно им се нанесува на жените при разговори, допири или закани дека ќе ја загубат работата. Тоа се работи со кои дефинитивно сум се сретнала“, вели таа.

Фото: Инстаграм
Извор: stil.kurir.rs