Најубавите и најпопуларните плажи на Халкидики

Белите песочни плажи и кристално чисто Егејско море се најдобра препорака за летување на полуостровот Халкидики.

Туристичките агенции имаат богати понуди така да можете да избирате помеѓу индивидуални и организирани групни тргнувања до најубавите делови на Касандра, Ситонија и Атос.

Во изминатите години се покажа дека Македонските туристи сакаат да летуваат во Грција, а аранжманите за Халкидики се и речиси најповолна опција за уживање на море.

На првиот полуостровски прст или крак сеедно, на Касандра, се сместени популарните туристички места Ханиоти, Полихроно и Пефкохори, кои се вистински скриен рај меѓу  четинарите. Летувалиштата од Скопје се оддалечени над 300 километри, на околу 100 км од Солун. Со кола или автобус се стига за околу 4-5 часа возење.

Пефкохори и Ханиоти

Овие места се наоѓаат на источниот брег на полуостровот Касандра, на кои се нанижени прекрасни плажи. Една од најпосетените плажи е Ксенија, близу Пефкохори, која поради широкиот појасн на плитка вода, е идеална за семејства со мали деца . 

Ханиоти има долга песочна плажа, која граничи со парк полн зеленила, на која може да се изнајмат лежалки, чадори, како и реквизити за разни водени спортови.


Во самите туристички места постои се што е неопходно за пријатен престој, продавници, таверни и кафе барови.

Полихроно

Во заливот Торонео, 98 км од Солун, е сместено познатото туристичко место Полихроно. Плажа со постепен влез во море е идеална за деца и возрасни. Во Полихроно до доцна во ноќта работат амбуланта, аптека, пошта, голем број супермаркети, хотели, таверни, кафичи, и пекари.


Природните убавини, срдечноста и гостољубивоста на домаќините се гаранција за убав и незаборавен одмор.

Сарти

На источниот брег на полуостровот Ситонија, со поглед на Света гора, е сместено сликовитото рибарско место Сарти. Во последните 10 години го откриле туристи и допринеле местото да се развие, да добие бројни таверни, продавници, хотели и апартмански куќи.

Местото е сместено на 3 км долга песочна плажа, а која се наоѓаат повеќето таверни. Близината на шумските брда и изолирани заливи, како и Солун и познати манастири, нудат можност за бројни излети.

Уранополис

На северот од Атос, третиот прст на Халкидики, во фоајето на единствената монашка држава на светот се наоѓа неоткриен рај за туристите кои сакаат мирен и безгрижен одмор. Небесниот град-Уранополис и селото Трипити нудат неограничени можности за уживање на совршени плажи и во идиличен амбиент.

Неос Мармарас

Неос Мармарас е најпосетено летувалиште на полуостровот Ситонија. Го карактеризира кристално чисто море и две долги песочни плажи зад кои се наоѓа борова шума. Местото е идеално како за семејства кои бараат одмор и релаксација, така и за млади парови кои се желни за истражување на скриени и недопрени плажи во текот на денот и добри кафебарови и клубови во вечерните часови.