Нарачала капут од Инстаграм: Кога ја видела пратката се запрепастила

Кога гледате облека која се продава на интернет, сигурно  мислите дека изгледа премногу добро за да биде вистина, што веројатно е точна претпоставка

Колку пати сте порачале облека од Интернет? Тоа е ефтино, а на сликата изгледа добро и совршено прилагодено. Меѓутоа, кога вашиот пакет пристигна на вашата домашна адреса, добивте нешто што немашто заедничко со имиџот на производот што го нарачавте.

Ако сè уште ви треба потсетник за да бидете скептични во врска со облеката што сакате да ја купите преку интернет, еве еден пример на 23-годишната Михаела.

Таа на Инстаграм видела прекрасен розев капут со црвени срциња, кој изгледал прекрасно на манекенката. Капутот воопшто не бил ниту ефтин.

Михаела за него платила 45 евра, а кога пакетот и стигнал на домашна адреса, тоа што го имала во рацете било вистинско разочарување.

„ Капутот кој го порачав, со овој кој го добив нема ништо заедничко. Буквално се проѕира низ него.  Јас дури и не знам зошто мислев дека ќе биде како на сликата“,напиша  разочараната девојка.

Дали Вие имате купено преку интернет, кои се вашите искуства?