Натали Грубовиќ и Дрен слават годишнина од брак: Поранешната лото девојка доби подарок за кој многу жени сонуваат

Натали Грубовиќ Глушац,  поранешна лото и бинго девојка и модел слави годишнина од брак со сопругот Дрен.

Натали веќе неколку години е во брак со бизнисменот Дрен Глушац и заедно со него и ќеркичката живеат во Нови Сад.

Нејзината ќерка го доби името според прекарот кој ѝ го даде актерот Игор Џамбазов, Натали, а за „Независен весник“ минатата година, таа изјави дека името на ќерката било желба на нејзниниот сопруг. 

View this post on Instagram

A post shared by Natalija Grubovik (@nataligrubovic)


Малата Натали наполни 4 години: Наталија Грубовиќ згодна мама на роденденот на својата ќерка (ФОТО)

Натали и Дрен се во брак од 2016-та година, а годинава прославуваат шест години од брак.

Сега за шестгодишнината таа си доби прекрасен букет ружи.

- Кога сопругот ќе те изненади после добар тренинг. Среќна годишнина - напиша Натали покрај фотографијата на која позира со огромен букет ружи кои ги добила од сопругот.

Инаку, Натали која со години беше верна на својот стил, деновиве реши да направи промена, која дефинитвно ѝ прилега, па некогашната бинго девојка ја смени бојата на фризура и стана бринета.

Најважно ми е да бидам добар пример за моето дете: Утринско кафе со Натали Грубовиќ-Глушац